МАСОВНО ТРУЕЊЕ – Работници од РЕК Битола хитно во болница

Работниците се со повраќање и температура, а болницата е преплавена со пациенти.

МАСОВНО ТРУЕЊЕ – Работници од РЕК Битола хитно во болница
Фото: Национал

Денеска, до 15 часот, 81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни тегоби.

Според изјавата на Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, на сите им е укажана соодветна медицинска помош, а најголем дел се испратени на домашно лекување.

„Сите 81 лице се јавија со слични симптоми: повраќање, температура и стомачни проблеми. Како причина го наведоа конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола. Повеќето имаат лесна клиничка слика, на некои им беа дадени инфузии, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.

Надлежните институции веќе започнаа со испитување и анализа на причините за здравствените проблеми кај вработените.

CATEGORIES
Share This