ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ДИСКРИМИНИРАНИ – Синдикатот бара итно решение

Синдикатот уште во јуни 2025 достави предлог-закон за решавање на статусот на војниците, но до денес нема акција.

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ДИСКРИМИНИРАНИ – Синдикатот бара итно решение
Фото: Социјални мрежи

Претседателот на Незавинсиот синдикат на професионалните војници, Александар Насковски денека се јави со реакција на објава на Министерството за одбрана. Во реакцијата Насковски истакнува:

-„По објавата на Независниот синдикат на професионални војници Скопје за катастрофалната состојба со објектите каде што престојуваат и работат професионалните војници, Министерството за одбрана потврди дека некои објекти не се реновирани 35 до 50 години, од времето на поранешната ЈНА.

Наместо да ја прифати критиката и да се насочи кон решение, министерството излезе со напади врз претседателот на синдикатот, поднесувајќи неосновани кривични пријави. Ова создаде нервозна ситуација, која кулминираше со гостување на министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

За жал, министерот изнесе неточни информации, тврдејќи дека професионалните војници на 45 години заминуваат во пензија и добиваат опремнина од 2 милиони денари. Професионалните војници не одат во пензија според сегашниот Закон за служба во Армијата, што претставува дискриминација и ја потврдува потребата од измена на законот.

Синдикатот долгогодишно бара решавање на статусот на професионалните војници и уште на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата. До денес, ниту еден пратеник не го предложи законот за разгледување, што ја одложува реализацијата на правата на професионалните војници.

Апелираме до Министерството за одбрана фа се воздржи од медиумски и административни напади кон синдикатот, да се обнови социјалниот дијалог, да се превземат итни мерки за подобрување на условите во Армијата и ПР кампањата да се стави на пауза до решавање на суштинските проблеми.

Синдикатот не е проблемот – проблемот е нереагирањето на работодавецот. Решението е доставено во писмена форма и единствено треба волја да се реализира“ – се вели во реакцијата на Насковски.

ОБУЧЕНИОТ КАДАР НЕМА ДА СЕ ГУБИ – Решенија за војниците над 45 години

CATEGORIES
Share This