ДОАЃА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО – Дали сте подготвени за промената

Подгответе се ноќта кога времето „скока“ и може да влијае на вашиот распоред.

ДОАЃА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО – Дали сте подготвени за промената
Фото: Принтскрин

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата на Република Северна Македонија донела одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето за 2026 година, која е објавена во „Службен весник“ бр. 58 од 19 март 2026 година.

Според одлуката, летното сметање на времето ќе започне на 29 март 2026 година во 02:00 часот, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето ќе заврши на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, кога стрелките ќе се вратат еден час наназад, односно времето повторно ќе се смета како 02:00 часот.

Оваа одлука е донесена во согласност со редовната годишна практика и обврските за усогласување со европските регулативи во областа на сметањето на времето.

CATEGORIES
Share This