ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА ДОДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЌЕ СЕДИ ДОМА Забрана да оди на работа, останува на функција и ќе зема плата

Од судот ѝ е изречена мерка која ѝ забранува контакт со каква било документација, пошта или предмети поврзани со работата на ДКСК. Таа нема право да гласа, ниту да распоредува предмети во Комисијата, што фактички значи дека останува на функцијата, но без надлежности - со можност да зема плата, без да извршува работни обврски.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА ДОДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЌЕ СЕДИ ДОМА Забрана да оди на работа, останува на функција и ќе зема плата

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, не се појавила на работа денеска, откако против неа беше покрената истрага за оддавање службена тајна. Според информации од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, таа е осомничена дека споделувала доверливи информации и одлуки од предмети на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е осомничен во предметот „Адитив“.

Од судот ѝ е изречена мерка која ѝ забранува контакт со каква било документација, пошта или предмети поврзани со работата на ДКСК. Таа нема право да гласа, ниту да распоредува предмети во Комисијата, што фактички значи дека останува на функцијата, но без надлежности – со можност да зема плата, без да извршува работни обврски.

Обвинителството до овие сознанија дошло преку вештачење на мобилниот телефон на Стојановиќ, каде биле пронајдени комуникации преку апликациите „Ватсап“ и „Вибер“. Од таму се добиле конкретни индиции за незаконска размена на информации.

Дополнителна контроверзија се јавува поради фактот што Антикорупциската комисија под водство на Димитровска веќе имала отворено предмети поврзани со случајот „Адитив“, но тие биле отфрлани – со нејзин потпис.

И покрај сериозноста на сомнежите, засега нема иницирана постапка за разрешување на Димитровска од страна на Собранието, иако токму пратениците ја избраа за член и претседател на ДКСК.

Ситуацијата предизвикува сериозни прашања за кредибилитетот и функционалноста на институцијата задолжена да се бори против корупцијата.

CATEGORIES
Share This