ДАНСКА ПОД ОГРОМЕН ПРИТИСОК – Пораз против Македонија ќе биде катастрофа

Поразот во четврток може да ја скрши данската шанса за СП 2026.

ДАНСКА ПОД ОГРОМЕН ПРИТИСОК – Пораз против Македонија ќе биде катастрофа
Фото: Принтскрин

Данска мора да стигне до победа во четврток навечер против Македонија за да ги зачува шансите за пласман на Светското првенство 2026.

Ова не е само обичен натпревар и станува збор за бараж, а поразот ќе значи и крај на надежите за Мундијалот. Токму тоа го создава големиот притисок врз данските фудбалери, кои пред мечот се сметаат за фаворити.

Според данскиот фудбалски експерт Мортен Брун, на ова натпреварување не е во прашање само пласманот на Светското првенство:

„Станува збор за нашата репутација и самопочит. Данска беше прв носител во квалификациите, па е разочарувачки што се најдовме во плејоф. Мораме да ја одржиме позицијата како една од големите фудбалски нации во Европа. Соочувањето со Белорусија, Шкотска, Македонија и потоа Чешка или Ирска е шанса да ја обновиме таа репутација“, вели Брун.

Данската репрезентација учествуваше на последните четири големи натпреварувања, а пласманот на СП 2026 би значел само вторпат во историјата да бидат дел од пет последовни европски или светски првенства.

Првата шанса ја пропуштија во ноември, кога на домашен терен на „Паркен“ ремизираа 2-2 со Белорусија, а потоа загубија 4-2 од Шкотска на гости. Последните настапи на селекцијата на Брајан Ример создаваат сомнеж и дополнителен притисок врз данските фудбалери пред пресметката со Македонија.

CATEGORIES
Share This