25 ГОДИНИ НОВИНАРСКА ИСТРАГА – МИМ ги доделува наградите ‘Никола Младенов 2025’
Наградите се доделуваат од 2001 година, а од 2013 година носат име на Никола Младенов.

Фото: Принтскрин
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“.
На настанот ќе бидат врачени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс, кој беше отворен од 27 јануари до 17 февруари, пристигнаа вкупно 42 стории, обработени во 122 текстови и видео прилози.
Во чест на 25-годишнината од доделувањето на наградите, на почетокот ќе се одржи панел-дискусија со новинари-истражувачи, кои ќе споделат искуства и ќе зборуваат за предизвиците во професијата.
Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ традиционално ги доделува од 2001 година, а од 2013 година тие го носат името на истакнатиот новинар Никола Младенов.
CATEGORIES Култура


