ЈАНУАРСКИТЕ ПЛАТИ ВИСТИНСКИ БОНУС – Види колку пораснаат платите
Не можеш да веруваш колку заработуваат Македонците сега, просечната бруто плата е 70.066 денари

Фото: Принтскрин
Во јануари, реалната нето плата во Северна Македонија забележа годишен раст од 4,9%, што е пораст во споредба со 3,3% во декември, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната нето плата достигна 46.617 денари (околу 753 евра), што претставува номинален годишен раст од 8,3%. Најголем придонес за ова зголемување имаат секторите: административни и помошни услужни дејности, трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, како и преработувачката индустрија.
На месечно ниво, реалната нето плата се зголеми за 0,1%.
Просечната бруто плата изнесувала 70.066 денари, со годишен раст од 5% во реални и 8,3% во номинални износи.
Курсот на денарот кон еврото е 61,91 денари за едно евро.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


