ТРАМП СЕ ПОВЛЕЧЕ, ОДЛОЖЕНИ НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – Причината ќе ве изненади

Трамп ја одложи воената акција по „продуктивни разговори“ со Техеран и што следува сега?

ТРАМП СЕ ПОВЛЕЧЕ, ОДЛОЖЕНИ НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – Причината ќе ве изненади
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да ги одложи најавените напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за пет дена. Одлуката, како што напиша на социјалната мрежа Truth Social, следува по „добри и продуктивни разговори“ со иранската страна.

„Со задоволство можам да соопштам дека во изминатите два дена, Соединетите Американски Држави и Иран водеа многу добри и конструктивни дискусии за целосно и конечно решавање на нашите конфликти на Блискиот Исток. Врз основа на тонот и карактерот на овие дискусии, кои ќе продолжат во текот на целата недела, му наложив на Министерството за одбрана да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, условено со успешен исход од тековните состаноци“, напиша Трамп.

Иран реагираше по објавата, тврдејќи дека Трамп „се откажал“ од нападите по „цврсто предупредување“ од Техеран, пренесуваат иранските медиуми. Иранската амбасада во Кабул истакна дека САД се повлекле по иранските закани за „напад на енергетската инфраструктура на целиот регион“.

Сепак, иранската новинска агенција Фарс нагласува дека немало директна комуникација со САД, ниту преку посредник, по изјавата на Трамп за „многу добри“ разговори со Иран за решавање на конфликтот.

Објавата следува по претходниот 48-часовен ултиматум на Трамп до Иран, со кој се бараше целосно отворање на Ормутскиот теснец.

CATEGORIES
Share This