ВЛДАТА ВОВЕДУВА КРИЗНА СОСТОЈБА И ГО СНИЖУВА БЕНЗИНОТ – Еве што треба да знаете

Снабдувањето со електрична енергија и нафта е стабилно, но странските купувачи создаваат притисок.

ВЛДАТА ВОВЕДУВА КРИЗНА СОСТОЈБА И ГО СНИЖУВА БЕНЗИНОТ – Еве што треба да знаете
Фото: Национал

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во траење од 30 дена и истовремено го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата од 18% на 10%. Целта е да се заштити стандардот на граѓаните и да се одговори на актуелните економски предизвици.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека снабдувањето со електрична енергија и горива е стабилно, но зголемената побарувачка, особено од страна на странски државјани, создава дополнителен притисок на пазарот.

Најголем притисок се забележува на западната (Охрид, Струга и Дебар) , северната (Куманово) и јужната (Битола и Гевгелија)  граница.

Дневната зголемена потрошувачка од странски државјани достигнува околу 150.000 литри, што претставува околу 9-10% од вкупната дневна потрошувачка.

Премиерот објасни дека Владата свесно не се потпира само на законските механизми за намалување на акцизите. Законското намалување на акцизата би значело минимално намалување од 1 до 2 денари по литар, што не е доволно за заштита на граѓаните. Владата одлучи директно да интервенира од буџетот, со што цените на горивата се намалуваат за 6,5 до 7 денари по литар.

Според анализа според берзата ФОП Италија, Македонија има најниски давачки за бензините и дизелот во регионот, додека во Хрватска и Србија тие се речиси двојно поголеми.

Владата ги следи светските берзи, залихите и безбедносната состојба, особено поради случувањата на Блискиот Исток. Премиерот нагласи дека Владата е проактивна, има повеќе алатки на располагање (акцизи, маржи, државни интервенции) и реагира навреме за да не дозволи ценовни шокови.

„Не сме реактивни, туку проактивни. Ги предвидуваме ризиците и преземаме мерки навреме“, порача Мицкоски.

CATEGORIES
Share This