ОРБАН БЕСЕН – Странски шпиони ја следеле комуникацијата на министерот Сијарт
Орбан нареди итна истрага по шпионирањето на министерот за надворешни работи.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја нарече шпионажата врз министерот Петер Сијарт сериозен напад врз државата. Тој му наложил на министерот за правда веднаш да истражи информации поврзани со шпионирањето на министерот за надворешни работи.
На Фејсбук, Орбан сподели линк до статија на порталот Mandiner.hu, во која се наведува дека странски служби ја пресретнале комуникацијата на Сијарт со помош на унгарски новинар, со траги кои водат до Анита Орбан, експерт за надворешни работи од партијата Тиса.
Според текстот, Мандинер добил анонимен имејл со аудио запис кој тврди дека новинарот Саболч Пањи, поврзан со медиуми финансирани од странство (Direkt36 и VSquare), ги дал телефонските броеви на министерот Сијарт на странски разузнавачки служби, што им овозможило да ги следат неговите повици.
Во видеото, Пањи признава дека им дал два броја и дека странските служби потврдиле дека ги виделе истите броеви. Тој не открива за која земја станува збор и бара дискреција.
Петер Сијарт истакна дека е загрижен што странски разузнавачки служби ги пресретнале неговите разговори со активно учество на унгарски новинар од најтесниот круг на партијата Тиса. Според него, тоа покажува потенцијални ризици за достап до информации и влијание во Министерството за надворешни работи.
Сијарт нагласи дека Унгарија нема да се откаже од своите национални интереси и ќе продолжи да работи за мир, безбедност и евтина енергија. Тој истакна дека на 12 април граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на парламентарните избори.
Државниот секретар за меѓународни комуникации Золтан Ковач додаде дека новите детали од протечената аудио снимка укажуваат на координирана операција насочена кон министерот Сијарт, со учество на странски актери и политички врски. Снимката сугерира и можен пристап до доверливи документи на Министерството преку врските на новинарот, вклучително со Анита Орбан.
Ковач посочи дека Панџи има меѓународни врски преку медиуми финансирани од странство и програми поддржани од САД, што дополнително поставува прашања за надворешно влијание во овој случај.


