48 ЧАСА МИР ИЛИ ХАОС ПО УЛТИМАТУМОТ НА ТРАМП – Ќе го минираме целиот Персиски залив, возвраќа Иран

Иранската гарда предупредува дека сите пристапни патишта ќе бидат минирани доколку бреговите или островите бидат нападнати.

48 ЧАСА МИР ИЛИ ХАОС ПО УЛТИМАТУМОТ НА ТРАМП – Ќе го минираме целиот Персиски залив, возвраќа Иран
Фото: Принтскрин

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив поради американски ултиматум. Советот за одбрана на Иран најави дека ќе постави морски мини за да го блокира целиот Персиски Залив ако бреговите или островите на земјата бидат нападнати. Иранските власти ја издадоа оваа закана како реакција на 48-часовниот ултиматум од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранската новинска агенција Фарс јави дека секој обид за напад врз иранските брегови или острови „автоматски ќе доведе до минирање на сите пристапни патишта и комуникациски линии во Персискиот Залив, вклучувајќи пловечки мини што може да се фрлаат од бреговите“. Во соопштението се додава дека „целата област ќе се најде во ситуација слична на онаа во Ормутскиот теснец, но овој пат со целиот Персиски Залив блокиран“.

Британскиот весник „Гардијан“ потсетува дека Иран дозволува на некои пријателски земји вклучувајќи Кина, Индија и Пакистан безбедно да го користат Ормускиот теснец, но практично го затворил за другите, со наводни напади на нивни бродови и поставување мини. Ова доведе до сериозна криза на глобалните енергетски пазари.

САД, пак, разгледуваат планови за окупирање или блокирање на стратешкиот ирански остров Харг за да извршат притисок врз Техеран да ја отвори оваа витална морска рута, што би можело да ескалира во американско-израелска конфронтација со Иран.

Доналд Трамп, кој се соочува со критики поради растот на цените на нафтата, предупреди дека САД ќе ги „срамнат електраните“ во Иран „почнувајќи од најголемите“ доколку земјата не го отвори Ормускиот теснец за поморски сообраќај, пред сè за танкери за нафта, во рок од 48 часа.

На својот профил на социјалната мрежа Вистина (Truth Social) Трамп напиша во големи букви: „МИР ПРЕКУ СИЛА, ДА СЕ КАЖЕ ТОА!!!“

Иранскиот државен весник „Техеран Тајмс“ на насловната страница го прикажа Ормутскиот теснец преку капата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) со натпис „Кралеви на Ормутскиот теснец“, одразувајќи ја позицијата на Техеран во однос на 48-часовниот ултиматум на Трамп.

CATEGORIES
Share This