ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ – Знаеме за наместени натпревари, ќе одиме до крај
Сомнежите се однесуваат на Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се осврна на едно од најчувствителните прашања од неговиот мандат и сомнежите за местење натпревари во домашните првенства, Првата и Втората македонска фудбалска лига. Оваа тема предизвика големо внимание и реакции во јавноста.
Омерагиќ најави дека Федерацијата наскоро ќе објави детални и транспарентни информации, истакнувајќи дека веќе постои активна координација со надлежните институции околу спорните случаи.
„По добиени пријави и сигнали од релевантни фудбалски тела, одреден број натпревари за кои постојат сомнежи за нарушување на интегритетот се ставени под сериозен мониторинг. Сакам да потенцирам дека сите материјали од надлежните институции се предмет на тековна обработка. По завршување на постапките од страна на дисциплинските органи, целосно се обврзуваме резултатите да бидат јавно објавени. Тука ќе одиме до крај, без калкулации“, рече Омерагиќ.


