РЕЗУЛТАТ ЗА ГИНИС ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ – Импресивна победа од 54:4
Алкалоид доминираше од почеток до крај, додека Шампион постигна само по два гола во секое полувреме.

Фото: Принтскрин
Во натпревар од македонските младински ракометни лиги се забележа резултат кој ретко се гледа на теренот. Пионерите на Алкалоид убедливо ја победија екипата на Шампион со неверојатни 54:4.
Иако големата бројка на постигнати погодоци од Алкалоид е импресивна, уште повеќе внимание привлече фактот дека Шампион успеа да постигне само четири гола во целиот натпревар и тоа по два во секое полувреме. Повеќето од погодоците на Алкалоид беа забележани во вториот дел од мечот.
CATEGORIES Ракомет


