ВО ГРЦИЈА СИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ – Штрајк од улиците на Атина до островот Лезбос
Таксисти, лекари и бензински пумпи ја парализираат Грција.

Таксистите низ Грција денес штрајкуваат поради новиот закон кој од јануари 2026 бара сите нови такси во Атина и Солун да бидат електрични. Протестот во Атина со бавно движење на возила ќе предизвика блокада на сообраќајот.
Синдикатот тврди дека со само 31 полнач во градот, преминот кон електрични возила е невозможен. Таксистите се жалат и на „неправедна еквивалентност“ со приватните возачи (PHV).
Атина има околу 13.600-14.000 жолти такси, со лиценци кои се ценет приватен имот.
Паралелно, јавните болници се соочуваат со дводневен штрајк на лекарите и медицинските сестри, кои бараат повисоки плати, навремени надоместоци и решавање на недостигот на персонал.
Исто таска, сопствениците на бензинските пумпи на грчкиот остров Лезбос започнаа штрајк на неопределено време, барајќи зголемување на плафонот на профитната маржа од 12 на 20 центи или враќање на нивото од 27 февруари, пред почетокот на војната. Владината регулатива не ги опфаќа рафинериите, што, според сопствениците, ја довело индустријата до економско задушување. Вчера на пумпите имаше редици за бензин, а цената достигна и две евра.


