СИНОТ НА ДОНАЛД ТРАМП УТРЕ ДОАЃА ВО СРБИЈА Ќе се сретне со Вучиќ и ќе се обрати на бизнис форум

Се очекува неговото присуство да привлече големо внимание како од деловната заедница, така и од јавноста.

СИНОТ НА ДОНАЛД ТРАМП УТРЕ ДОАЃА ВО СРБИЈА Ќе се сретне со Вучиќ и ќе се обрати на бизнис форум

Доналд Трамп Јуниор, синот на претседателот на САД, утре повторно ќе пристигне во Белград, што ќе биде негова втора посета на Србија во изминатите два месеци.

Според најавите, Трамп Јуниор ќе оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што е планирана заедничка вечера.

Во текот на попладневните часови, Трамп Јуниор ќе присуствува на бизнис форум организиран од Стопанската комора на Србија и Клубот на бизнисмени, каде што ќе има и свое обраќање пред присутните.

Се очекува неговото присуство да привлече големо внимание како од деловната заедница, така и од јавноста.

CATEGORIES
Share This