ШАМПИОНСКИ ЧЕКОР – Вардар ја зголеми предноста пред Пелистер

Голманот и одбраната беа клучот за освојување на два важни бода.

ШАМПИОНСКИ ЧЕКОР – Вардар ја зголеми предноста пред Пелистер
Фото: Принтскрин

Вардар 1961 направи голем чекор кон титулата, победувајќи го синоќа Пелистер во Битола со 27-22.Со оваа победа, „црвено-црните“ имаат шест бода предност пред Пелистер, што го враќа Вардар на шампионскиот пат.

Тренерот Иван Чупиќ и неговиот тим одиграа одлично во второто полувреме, успевајќи да обезбедат два важни бода во големото дерби.

„Првото полувреме беше нервозно. Добивме црвен картон, губевме топки во транзиција и промашувавме зицери, но сепак останавме во мечот. Благодарение на голманот и добрата одбрана, не дозволивме Пелистер да направи поголема разлика. Во вториот дел се смиривме, ја подобривме одбраната и знаевме дека нашите пет минути ќе дојдат. Пелистер беше принуден да брза, ризикувајќи, и тоа ни овозможи да ја искористиме нашата шанса“, изјави Чупиќ.

Тој додаде и благодарност до Пелистер за фер-плејот и позитивната атмосфера во полната сала, како и признание за играчите:

„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за шампионска одбрана која ни донесе два важни бода.“

Чупиќ потенцира дека сезоната сè уште не е завршена:

„Имаме уште три месеци и половина март, цел април и мај. Сè уште се бориме за титула, за Купот и за Ф4 во Европската лига. Ова е маратон, па чекор по чекор гледаме напред. Освоивме два важни бода, но веќе се подготвуваме за следниот натпревар.“

CATEGORIES
Share This