ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВИ – Поефтинување на нафтените деривати
Сопствениците на бензински пумпи најавуваат дека ќе го пренесат попустот на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека цените на нафтените деривати ќе се намалат за повеќе од 2 денари по литар. Според него, во соработка со Министерството за енергетика и минерални суровини, снабдувачот ОКТА ќе им обезбеди на компаниите кои соработуваат попуст од околу 45-50 долари по тон, што ќе се рефлектира како намалување од околу 2 денари по литар.
„Разговарав и со голем број сопственици на бензински пумпи, кои рекоа дека ќе го пренесат попустот на крајните корисници. Со оглед на тоа што Регулаторната комисија за енергетика ја определува највисоката цена, очекувам во текот на денот нафтените деривати да поевтинат за 2,5 денари по литар. Во конкретни износи, тоа значи дека литар дизел ќе чини околу 1,35 евра“, изјави Мицкоски.
Премиерот исто така посочи дека минатиот понеделник бил забележан рекорден дотур на нафта и нафтени деривати во земјата, достигнувајќи количина од 2 милиони литри.


