САД ОВОЗМОЖИЈА ПРОДАЖБА НА РУСКА НАФТА – Русија може да заработи 150 милиони долари дневно
Европа критикува и потегот на САД гоа ослабува притисокот врз Русија

Иранскиот министер за надворешни работи, Сајед Абас Арагчи, остро ја критикуваше одлуката на САД привремено да ублажат дел од санкциите за руската нафта, обвинувајќи го Вашингтон дека сега „го моли светот“ да купува руска енергија.
На социјалните мрежи, Арагчи објави насловна страница од „Фајненшл тајмс“ која наведува дека Русија би можела да заработува околу 150 милиони долари дневно дополнителни приходи од нафта поради американската одлука. Тој потег на Белата куќа го нарече „патетичен“, истакнувајќи дека додека САД претходно вршеле притисок врз Индија да ја прекине куповината на руска нафта, сега ја охрабруваат да ја набавува.
Американската администрација со привремена дозвола овозможи продажба на руската нафта што веќе се наоѓала на танкери, со цел стабилизирање на глобалниот енергетски пазар и ублажување на растот на цените на енергенсите по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Одлуката на САД предизвика критики и во Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека ваквиот потег ја ослабува меѓународната притисок врз Русија заради војната во Украина.
Цените на нафтата нагло пораснаа по американско-израелските напади врз Иран, а заканите за затворање на Ормускиот теснец, клучна рута за светската трговија со нафта и дополнително го зголемуваат притисокот врз глобалните пазари.
Според анализите на „Фајненшл тајмс“, Русија би можела да профитира значително од растот на цените и промена на санкциите, остварувајќи околу 150 милиони долари дополнителни дневни приходи од нафта.


