КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ВО СОБРАНИЕТО – Македонија тажи за 63 млади животи загубени во „Пулс“
На комеморативната седница во Собранието, спикерот Африм Гаши порача дека трагедијата не смее да дели, туку да сплотува национално.

Фото: Социјални мрежи
Македонија денеска тажи за 63 млади животи кои трагично згаснаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На комеморативната седница во Собранието, присуствуваа државниот врв и семејствата на жртвите. Спикерот Африм Гаши го нарече 16 март минатата година „мрачно утро кое ја угасна надежта“.
„Еден дел од нашата душа изгоре таа ноќ. Тогаш згаснаа соништата и плановите на 63 млади луѓе кои до последен здив го славеа животот“, рече Гаши.
Тој нагласи дека оваа трагедија не смее да предизвика политички поделби, туку треба да биде момент на национална сплотеност и заедничка болка што ја почувствува секое семејство во државата.
CATEGORIES Македонија


