НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН ПРЕЖИВЕА – Објави синот на претседателот

Јусеф Пезешкијан на Телеграм објави дека новиот врховен лидер на Иран е безбеден, и покрај повредите од конфликтот со Израел и САД.

НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН ПРЕЖИВЕА – Објави синот на претседателот
Фото: Социјални мрежи

Јусеф Пезешкијан, советник на иранската влада и син на претседателот Масуд Пезешкијан, изјави дека новиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „безбеден и здрав“ и покрај повредите што ги добил во конфликтот со Израел и САД.

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека Пезешкијан ја споделил информацијата на својот Телеграм канал:

„Ја слушнав веста дека г-дин Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав некои пријатели со врски и ми кажаа дека, фала му на Бога, е безбеден и здрав.“

Иранската државна телевизија го опиша Хамнеи (56) како „ранет ветеран од Рамазанската војна“, термин што се користи за тековниот конфликт меѓу Израел, САД и Иран, кој влегува во својот 12-ти ден. Сè уште не се прецизира точната природа на неговата повреда.

Коментарите на Јусеф Пезешкијан следеа по шпекулациите за здравјето и местото на живеење на новиот ајатолах, кој не се појави во јавноста откако го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, убиен на првиот ден од конфликтот.

„Њујорк тајмс“ јави, повикувајќи се на тројца ирански и двајца израелски извори, дека помладиот Хамнеи бил ранет истиот ден во нападите од САД и Израел, но деталите остануваат нејасни.

CATEGORIES
TAGS
Share This