РЕАЛ ПОДГОТВУВА ТРЕНЕРСКА СМЕНА – Алегри и Клоп во игра
Лошите резултати во првенството и Купот ја разнишаа позицијата на Арбелоа

Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со тренерската позиција и размислува за ангажман на Масимилијано Алегри доколку дојде до разделба со Алваро Арбелоа во текот на летото.
Според италијанскиот весник Кориере дело спорт, раководството на мадридскиот клуб и претходно двапати се обидело да го доведе искусниот стратег во 2019 и во 2021 година, но без успех.
Алегри моментално е целосно фокусиран на својата работа во Милан, каде што во јули 2025 година го започна својот втор мандат. Иако е задоволен од проектот, Италијанецот е свесен дека тимот мора дополнително да се засили за да одговори на предизвиците на европската сцена.
Покрај Алегри, во управата на Реал сериозно се разгледува и опцијата со Јирген Клоп како можен нов предводник на тимот.
Во меѓувреме, позицијата на Арбелоа станува сѐ понеизвесна. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој ја губи поддршката од дел од соблекувалната по серијата слаби резултати. Поразите во Ла Лига и елиминацијата од Купот на кралот сериозно ја разнишале довербата на фудбалерите во неговите тактички замисли.


