ОРБАН ЈА ПОДИГНА АРМИЈАТА НА УНГАРИЈА НА ГОТОВС – 75 локации под заштита, не смее да има блокада на руската енергија

Унгарската армија е распоредена на 75 клучни локации за да ги заштити гасоводите и нафтопроводите од можни саботажи.

ОРБАН ЈА ПОДИГНА АРМИЈАТА НА УНГАРИЈА НА ГОТОВС – 75 локации под заштита, не смее да има блокада на руската енергија
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави видео на мрежата X, во кое истакна дека унгарската армија е распоредена на 75 локации за да ја заштити критичната енергетска инфраструктура. Причината, според него, е закана од можни саботажи од Украина поради тензиите околу руските енергетски резерви и војната на Блискиот Исток.

Орбан нагласи дека утрово се одржал состанок на Советот за одбрана за да се разгледаат потребните мерки поради она што тој го нарекува „украинска нафтена блокада“ и пошироката безбедносна ситуација. Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ја зголемил терористичката закана во Европа, па затоа е одлучено да се зголеми присуството на полицијата и армијата на јавни места.

„Армијата е веќе распоредена на 75 локации“ – рече Орбан.

Тој исто така наредил безбедносните служби да ги следат лицата поврзани со екстремистички исламистички групи и да ја заштитат енергетската инфраструктура.

Орбан го поврза ова со експлозијата на гасоводот Северен тек, за кој рече дека бил дигнат во воздух од Украина, и најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се спречи доаѓањето на руската енергија во Европа. Унгарската влада формира посебна истражна комисија за да ја провери состојбата на нафтоводот Дружба, преку кој руската нафта стигнува до Централна Европа. Орбан истакна дека Унгарија ја повикува Украина да им дозволи на унгарските инспектори да влезат во земјата за проверка.

„Унгарија нема да дозволи да биде уценувана. Ќе се спротивставиме на украинската уцена и ќе ја прекинеме блокадата на нафтата“ – додаде тој.

Сè додека спорот не се реши, Унгарија ќе ги блокира сите одлуки на Европската Унија што се важни за Украина.

CATEGORIES
Share This