СДСМ ПОБАРА ОСТАВКА ОД ТОШКОВСКИ Причина е несоодветна реакција на институциите вклучително и МВР
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.

Социјалдемократски сојуз на Македонија побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопски Карпош, во која починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека институциите, иако биле алармирани за семејно насилство, не реагирале соодветно и потфрлил целиот систем, вклучително МВР и центрите за социјална работа. Потсетуваат и на случајот во Велес и посочуваат дека во 2026 година четири лица ги загубиле животите поради родово и семејно насилство.
СДСМ бара оставка и темелна истрага за утврдување одговорност.
CATEGORIES Македонија


