ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Меси рамо до рамо со Пеле по број на голови од слободен удар
Само Жунињо Пернамбукано останува пред Меси на вечната листа по број на голови од прекин.

Фото: Принтскрин
Лионел Меси повторно блесна во МЛС, постигнувајќи два гола во триумфот на Интер Мајами од 4:2 против Орландо Сити во рамките на регуларниот дел од сезоната.
Со еден од погодоците од слободен удар, аргентинската ѕвезда стигна до јубилејниот 70-ти гол од вакви ситуации во кариерата. Со тоа се израмни со легендарниот Пеле на второто место на вечната листа по број на голови од слободни удари. Пред нив останува само Жунињо Пернамбукано, кој е рекордер со 77 погодоци.
Во следното коло, Интер Мајами ќе му гостува на Д.Ц. Јунајтед, додека Орландо Сити ќе се соочи со Њујорк Сити ФК на гостински терен. Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека тимот од Мајами би можел да ја посети и Белата куќа на 5 март.
CATEGORIES Фудбал


