(ВИДЕО) ТУНЕЛИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ГАРДА – Иран покажува складиште на оружје за напади врз САД

(ВИДЕО) ТУНЕЛИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ГАРДА – Иран покажува складиште на оружје за напади врз САД

Иран објави видео кое, според нив, прикажува тунели на Револуционерната гарда каде се складира оружје, вклучително беспилотни летала, наменето за напади врз американските бази во регионот.

Во видеото, објавено од иранската државна новинска агенција Фарс, може да се видат редици беспилотни летала наредени во подземен тунел или на ракетни лансери. Ѕидовите се декорирани со иранското знаме и слики од покојниот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.

Снимката прикажува лансирање на ракети и беспилотни летала кон, според Фарс, „американски бази“.

Објавувањето на видеото е дел од пропагандната кампања на Иран, по заедничките американско-израелски напади врз земјата.

Сепак, не е јасно кога и каде е направена снимката, ниту дали прикажаните беспилотни летала и ракети се користени во одговорот на Иран на овие напади.

CATEGORIES
Share This