ИРАН ТВРДИ ДЕКА Е ИЗВРШЕН УДАР ВРЗ КАБИНЕТОТ НА НЕТАНЈАХУ – Непозната неговата судбина

Иранските власти тврдат дека во истата операција била погодена и резиденцијата на висок командант на израелските воздухопловни сили.

ИРАН ТВРДИ ДЕКА Е ИЗВРШЕН УДАР ВРЗ КАБИНЕТОТ НА НЕТАНЈАХУ – Непозната неговата судбина
Фото: Принтскрин

Иранска револуционерна гарда утрово соопшти дека извршила напад врз канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што, според нивните тврдења, неговата судбина засега е непозната.

Во вонредното соопштение, Револуционерната гарда наведува и дека била погодена резиденцијата на командантот на Израелски воздухопловни сили.

Од израелска страна засега нема официјална потврда или коментар во врска со овие наводи. Ситуацијата внимателно се следи, а јавноста очекува дополнителни информации од надлежните институции.

CATEGORIES
TAGS
Share This