БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА СПЕКТАКЛ – ПСЖ гостува кај Пелистер
Францускиот гигант пристигнува како фаворит, но го очекува жешка атмосфера од битолските трибини

Фото: Принтскрин
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја стартуваше продажбата на билети за дуелот против европскиот великан ПСЖ, во рамки на 13. коло од Лига на шампионите.
За битолчани ова ќе биде последна можност сезонава пред домашната публика да се соочат со тим од самиот врв на европскиот ракомет, што дополнително ја зголемува мотивацијата кај навивачите да ја исполнат салата „Боро Чурлевски“ до последното место.
Францускиот состав во Битола пристигнува како фаворит, со две последователни победи во групата „Б“, но го очекува жешка атмосфера од трибините и силна поддршка за „зелено-белите“.
Средбата е закажана за 4 март со почеток од 20:45 часот.
Билетите веќе се во продажба и може да се обезбедат онлајн, како и на продажните места во Битола.
CATEGORIES Ракомет


