МЕХДИ ТАЏ – Можно повлекување на Иран од Светското првенство 2026
Сите натпревари на Иран треба да се одиграат во Соединетите Американски Држави, што додава неизвесност.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, се осврна на можноста националниот тим да се повлече од Светското првенство во 2026 година.
„По нападот од Соединетите Американски Држави, малку е веројатно да се очекува Светското првенство со каква било надеж. Сепак, одлуката за ова прашање треба да ја донесат раководителите на спортските организации“, изјави Таџ за весникот „Марка“.
Иранската репрезентација веќе се квалификуваше за Светското првенство и е сместена во групата Г, каде ќе се соочи со Белгија, Египет и Нов Зеланд. Сите три натпревари на Иран треба да се одиграат во Соединетите Американски Држави.
CATEGORIES Фудбал


