КИНА ОСУДУВА УПОТРЕБА НА СИЛА – Бара почитување на меѓународното право
Кинескиот шеф на дипломатијата во разговор со рускиот колега порача дека Пекинг не ја поддржува употребата на сила

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оствари телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров, во кој разговараа за ескалацијата на ситуацијата во Иран, пренесе Синхуа.
Во разговорот, Ванг Ји истакнал дека Кина остро се спротивставува на употребата на сила во меѓународните односи и дека цврсто се придржува до принципите утврдени во Повелбата на Обединетите нации.
Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, Пекинг оценува дека атентатот врз врховниот лидер на Иран претставува сериозно нарушување на суверенитетот и безбедноста на државата и дополнително ја дестабилизира и онака чувствителната регионална состојба.
Кина, како што се наведува, повикува на воздржаност, почитување на меѓународното право и решавање на конфликтите преку дијалог, а не преку насилство.


