ИНЦИДЕНТ ВО ООУ КИРО ГЛИГОРОВ – Нож во училница меѓу ученици

Детето претходно нападнало соученик со посебни потреби и користело ножици во други ситуации.

ИНЦИДЕНТ ВО ООУ КИРО ГЛИГОРОВ – Нож во училница меѓу ученици
Фото: Национал

Бурни реакции предизвика информацијата дека ученик од четврто одделение носел нож во ООУ „Киро Глигоров“ во општина Центар. Според сведочења на родители, детето го извадило ножот во училницата, пред соучениците, а претходно повеќе пати покажувало агресивно однесување.

Родителите наведуваат дека минатата година ученикот нападнал соученик со посебни потреби, а во други ситуации користел ножици.

Загриженоста кај родителите е голема, особено за безбедноста на учениците, и тие бараат итни мерки за спречување вакви инциденти. Дел од јавноста исто така предупредува дека институциите мора сериозно да се справат со малолетничката деликвенција и дека не смее да се дозволи ескалација на насилство во училиштата.

CATEGORIES
Share This