ЖДРЕПКАТА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ 2025/2026 – Патот до финалето во Будимпешта е познат
Од осминафиналето нема ограничувања и клубови од истата земја и поранешни противници можат да се сретнат.

Ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 се одржа во Нион, Швајцарија напладне. Осумте победници од плејофот во нокаут фазата им се придружија на осумте најдобри клубови од лигашкиот дел на турнирот, дефинирајќи го патот до финалето во Будимпешта.
Парови за осминафиналето се: Манчестер Сити – Реал Мадрид, Бодо/Глимт – Спортинг, ПСЖ – Челзи, Њукасл – Барселона, Ливерпул – Галатасарај, Тотенхем – Атлетико Мадрид, Аталанта – Баерн и Баерн – Арсенал
Според распоредот првите натпревари ќе се одиграат на 10 и 11 март додека реваншите се на 17 и 18 март. Четвртфиналето ќе се игра на 7 и 8 април а реваншите на 14 и 15 април. Полуфиналето с еигра на 28 и 29 април а реваншите на 5 и 6 мај додека финале е на 30 мај во Будимпешта.
Натпреварите обично се играат во вторник и среда, финалето е сабота. Секој клуб во нокаут фазата игра еден натпревар во вторник и еден во среда. УЕФА може да направи исклучоци, на пример ако два клуба од ист град играат европски натпревари, за да не се судрат нивните домашни натпревари во исти или последователни денови.
Главни промени од претходните сезони се што денес се одредува целата структура до финалето и нема дополнителни ждрепки за четвртфиналето и полуфиналето. Осумте носители се поставуваат на спротивните страни на ждрепката, а потоа им се доделуваат противници од групата без носител. Нема ограничувања од осминафиналето и клубовите од истата земја можат да се сретнат, како и оние кои веќе играле во лигашката фаза. Номинален домаќин на финалето ќе биде победникот од полуфиналето на едната страна од ждрепката.


