(ВИДЕО) АПСЕЊЕ НА МАДУРО – Трамп го одликува ранетиот пилот во акцијата
Словер беше ранет во нога, но успешно го пилотираше хеликоптерот и им овозможи на командосите да ја завршат мисијата.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му додели Медал на честа на пилотот Ерик Словер за неговата храброст за време на апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Словер, 45-годишен пилот на американската армија, беше ранет во ногата на почетокот на јануари за време на операцијата во Каракас. И покрај повредата, тој успешно го пилотираше хеликоптерот и овозможи командосите да ја завршат мисијата, спасувајќи ги животите на своите другари, објави NBC News.
Медалот му беше врачeн во средата пред конгресна публика, што е невообичаено, бидејќи обично ова признание се доделува на церемонија во Белата куќа. Трамп ја пофали неговата храброст и упорност, нагласувајќи дека способноста на Словер да ја одржи контролата во тешката ситуација била клучна за успехот на мисијата.
Исто така, претседателот го одликуваше и 100-годишниот пензиониран пилот на морнарицата, Ројс Вилијамс, за неговата служба во Корејската војна, истакнувајќи ја неговата храброст во повеќе конфликти, вклучувајќи ја Втората светска војна и Виетнам.
Словер е единствениот член на единицата кој јавно беше почестен за оваа операција, додека останатите учесници ќе бидат одликувани на приватна церемонија во Белата куќа, според NBC.
Медалот за чест се доделува на војници кои „видливо покажуваат храброст и непоколебливост, ризикувајќи го својот живот надвор од должноста“.


