ПРВ ПОРАЗ НА ДРЖАВАТА ВО СТРАЗБУР ЗА НАСИЛСТВО ВО ЗАТВОР – Затвореник ја доби правдата и обештетување од 11.295 евра

Инцидентот се случил на 3 август 2020 пред затворската кантина, кога Ф.М. бил брутално претепан од затворски полицаец.

ПРВ ПОРАЗ НА ДРЖАВАТА ВО СТРАЗБУР ЗА НАСИЛСТВО ВО ЗАТВОР – Затвореник ја доби правдата и обештетување од 11.295 евра
Фото: Национал

Македонија го изгуби првиот предмет пред Европски суд за човекови права поврзан со нечовечко и понижувачко постапување во затворот „Идризово“. Затвореникот Ф.М. ја доби правдата во Стразбур, откако домашните судови не успеаја да утврдат одговорност за инцидентот во кој тој бил брутално претепан од затворски полицаец.

Инцидентот се случил на 3 август 2020 година пред затворската кантина во Затвор Идризово. Апликантот се пожалил дека бил жртва на тортура и дека надлежните институции во земјата не спровеле ефикасна и независна истрага за настанот.

Соочена со доставените докази, Владата поднела унилатерална декларација до Судот, во која признала повреда на член 3 од Европска конвенција за човекови права, кој се однесува на забраната на тортура и нечовечко или понижувачко постапување. Државата се обврзала да му исплати на Муслиу обештетување во износ од 11.295 евра за нематеријална штета.

Иако апликантот не бил целосно задоволен од ваквиот исход, Европскиот суд одлучил да го затвори предметот, оценувајќи дека признанието на повредата и понуденото обештетување се доволни за негово разрешување.

CATEGORIES
Share This