ПОВИКАНИ 23 ФУДБАЛЕРКИ – Женската репрезентација на Македонија стартува во квалификациите за Светското првенство
Избраниците на Александар Андов првите натпревари ги играат против Азербејџан и Андора, додека во групата е и Унгарија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го започнува новиот натпреварувачки циклус во рамки на Квалификациите за Светското првенство, Лига Ц.
Избраничките на селекторот Александар Андов на стартот ќе се соочат со селекциите на Азербејџан и Андора, додека во групата се наоѓа и репрезентацијата на Унгарија.
Првиот натпревар македонските фудбалерки ќе го одиграат на 3 март, кога во Баку ќе гостуваат кај Азербејџан. Четири дена подоцна, на домашен терен во Битола, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Андора.
За овие два квалификациски натпревари, селекторот Андов повика вкупно 23 фудбалерки.
Голманки: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен), Викторија Панчуров (ЖФК Тиверија Брера), Берна Кабрачки (FC Olympia Bocholt)
Одбрана: Мила Панева (ЖФК Скопје), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија Брера), Павлинка Николовска (Тиверија Брера), Васка Василева (ЖФК Каменица), Катерина Петкова (Спартак Суботица), Кристина Крстева (ЖФК Скопје), Елена Панеска (Олимпија), Христина Јошевска (ЖФК Скопје)
Среден ред: Теона Галабовска (ЖФК Тиверија Брера), Бојана Петкова, Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Симона Мајер (CF Villarreal), Андреа Коловска (ЖФК Истатов), Ева Величкова (ЖФК Љуботен), Калина Попевски (ЖФК Црвена Звезда)
Напад: Јилза Максути (ЖФК Љуботен), Настасја Накова (ЖФК Љуботен), Меланија Гроздановска (ЖФК Љуботен), Јована Павловска (АС Јунајтед)


