СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧНИОТ СУД – Информации за приговорите по „Safe City“

Граѓаните и правните лица можат да оспорат прекршочни налози издадени преку „Safe City“.

СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧНИОТ СУД – Информации за приговорите по „Safe City“
Фото: Принтскрин

Основниот кривичен суд Скопје информира дека по воведувањето на системот „Safe City“ и издавањето прекршочни налози за регистрирани сообраќајни прекршоци, граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за прекршокот имаат право да поднесат приговор до судот.

Во првиот месец од примена на системот, февруари, се поднесени 476 приговори: 431 од правни лица и 45 од физички лица. По нив постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.

Сите приговори се навремено заведени и доставени до Министерството за внатрешни работи во рок од 8 дена, согласно Законот за прекршоци, што е предуслов за понатамошно судско постапување. Поради тоа, до сега не е донесена правосилна судска одлука по ниту еден приговор поднесен од граѓани или правни лица.

Најчесто евидентираните прекршоци се управувањето со возило со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.

Како најголеми предизвици се јавуваат приговорите од лизинг компании за возила дадени на користење по договор за лизинг и граѓани кои претходно ги продале своите возила, но не ги одјавиле во МВР и добиле прекршочни налози.

Основниот кривичен суд Скопје ќе продолжи да постапува по сите предмети во законски рокови и ќе информира навремено и транспарентно за текот на постапките, како и за обврските кои ги имаат граѓаните.

CATEGORIES
TAGS
Share This