ПОСТИГНА ГОЛ – Еве зошто не славеше
Осимен ја одржа почитта кон Спалети и не го славеше голот

По двомечот против Јувентус, стана јасно дека Виктор Осимен не е тип на напаѓач кој би требало да се задоволи со играње во Турција. Ова беше познато и порано, и самиот фудбалер го знаеше, но околностите диктираа дека единствено Галатасарај беше подготвен да плати голема отштета на Наполи за играч кој силно посакуваше трансфер.
За напаѓач од неговата класа не беше потребна адаптација. Од првиот ден, кога пристигна на позајмица, па потоа минатото лето беше откупен, Осимен покажа дека е опасен за секој противник и редовно постигнува голови.
Против Јувентус, во првиот натпревар кога тимот постигна пет гола, тој не беше стрелец, но беше клучен за четири погодоци. Со асистенции, создавање акции и паметно позиционирање, му ги олесни работите на соиграчите. Неговата награда дојде во реваншот, кога го спречи Јувентус да направи историски пресврт.
Во изминатите две недели, Осимен често зборуваше во суперлативи за Јувентус, а пред реваншот рече:
„Да се игра тука би било привилегија. Среќен сум во Галата, но никогаш не се знае за иднината. Мислам дека 90% од фудбалерите во светот би сакале да играат за Јуве.“
Особено впечатлива беше одлуката да не го слави голот кој ги растажи навивачите и играчите на Старата дама:
„Немаше потреба да славам. Важно ми е да го почитувам човекот кого го сакам и кој беше важен дел од мојата кариера“ – зборувам за Лучано Спалети. Исто така, игравме лошо, дури и со човек повеќе, па немаше причина за прослава.“
По натпреварот, Осимен во тунелот се фотографираше со Александро дел Пјеро, што дополнително ја подгреа гласината дека трансфер во Јувентус ова лето е возможен. Дали ќе се реализира, делумно зависи од случајот со Душан Влаховиќ.


