ПОСЕТА ОД ВИСОК РАНГ – Средби со државниот врв и локалните власти

Бајрам Бегај денеска и утре ќе престојува во официјална посета на државата, со средби на високо ниво и културна програма.

ПОСЕТА ОД ВИСОК РАНГ – Средби со државниот врв и локалните власти
Фото: Принтскрин

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава.

Во рамки на денешната агенда, Бегај ќе оствари средба со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Утре, албанскиот претседател ќе биде свечено пречекан од претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, по што ќе следуваат средби со претставници на државниот врв.

Од Општина Чаир информираа дека, во духот на унапредување на институционалната соработка и зацврстување на одличните билатерални односи, градоначалникот Меџити денеска ќе приреди свечен прием во чест на албанскиот претседател, кој престојува во официјална посета на нашата држава.

По средбата, претседателот Бегај и придружната делегација ќе ја посетат џамијата Мустафа Паша, а потоа и Старата чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег. Настанот ќе биде проследен со интонирање на националната химна и културно-уметничка програма во изведба на Државниот ансамбл.

CATEGORIES
Share This