МАКЕДОНИЈА ТАНЦУВАШЕ ЗА ЗЛАТО – 8 први места на светски куп
Дваесет и три танчери ја претставуваа Македонија на светскиот куп во латино-американски танци

Дваесет и три танчери од скопскиот клуб Dancers United успешно ја претставија Македонија на престижниот меѓународен танцов натпревар Italy World Cup 2026, кој се одржа во Legnano, под покровителство на World Artistic Dance Federation (WADF).
Светскиот куп во латино-американски танци обединува натпреварувачи од бројни земји, а учеството на македонски претставници претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната танцова сцена.
Клубот Dancers United настапи со висок степен на професионалност и посветеност, а изведбите на младите танчери беа дочекани со одлични реакции од публиката и жирито. Овој успех е резултат на континуираната работа, дисциплина и развој што клубот го негува со години.
Остварените резултати се импресивни и македонските натпреварувачи освоија вкупно 8 први и 9 втори места во различни натпреварувачки категории.
Учеството на Italy World Cup 2026 претставува уште еден важен чекор кон меѓународната афирмација на македонските танчери и јасен доказ дека танцовиот потенцијал од Северна Македонија рамноправно се носи со светската конкуренција.


