САМСУНГ ЈА ПРЕТСТАВУВА GALAXY BUDS 4 СЕРИЈАТА – Најдобар Hi-Fi звук досега, со напредна удобност и совршено стоење

Корисниците имаат пристап до новата ера на аудио иновациите на “Samsung”, кои имаат високо квалитетен звук и може да се адаптираат во секоја средина

САМСУНГ ЈА ПРЕТСТАВУВА GALAXY BUDS 4 СЕРИЈАТА – Најдобар Hi-Fi звук досега, со напредна удобност и совршено стоење
Фото: APRA BCG

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес ги претстави најновите Galaxy Buds4 Pro и Galaxy Buds4, редефинирајќи што премиум слушалките може да овозможат во насока на супериорно hi-fi аудио и секојдневна употреба. Создадени да звучат добро колку и што се удобни, Galaxy Buds4 серијата е комбинација на извонреден квалитет на звук со попрефинето, компјутерски дизајнирано прилагодување, спојувајќи ги најнапредните аудио-технологии и иновации на „Samsung“ во едно прекрасно, беспрекорно искуство. За прв пат, Buds Pro доаѓаат во комбинација на поширок вуфер (woofer), во комбинација со подобрено активно поништување на бучавата (Active Noise Cancellation – ANC) и напреден “Adaptive Equalizer”(EQ) за целосен спектар на звук, притоа прилагодувајќи се на реалните услови од средината. Дизајнерските подобрувања, контролата без раце и подлабинската интеграција на вештачката интелигенција ја истакнуваат посветеноста на “Samsung” во формирање слушалки кои се создадени за луѓето да слушаат, да се движат и да живеат во текот на целиот ден.

“Samsung знае дека вистинското високо квалитетно аудио искуство е комбинација на техничкиот квалитет на звук и начинот на кој корисникот го доживува тој звук” – изјави Икхјун Чо (Ikhyun Cho) Потпретседател на корпоративниот сектор за Развој и Истражување на Мобилен Напредок (Mobile Enhancement R&D), во дивизијата за Мобилно искуство (Mobile eXperience). “Kaj Galaxy Buds 4 серијата, нашата дизајнерска филозофија беше бескомпромисна: овозможување на целодневна удобност без да се жртвува аудио перформансот, бидејќи тоа е она што корисниците најмногу го ценат. Ги споивме најмоќниот  висококвалитетен hi-fi звук и нашето најбезбедно, ергономско прилагодување кои се надополнуваат едно со друго, за да го овозможиме најдоброто и најзадоволувачкото искуство при слушање до сега”.

Компјутерски дизајн оптимизиран за подобрена стабилност и удобност во текот на целиот ден

Со Buds4 серијата, „Samsung“ воспостави идентитет на Buds дизајнот со естетика како сечило (blade), достигнување со компјутерски дизајн базирано на стотици милиони глобални податоци за слух и 10.000 симулации. Buds4 серијата опфаќа ултра елегантен, ергономски облик со помали, лесно прилагодливи слушалки за да овозможи посигурно, поудобно носење во текот на целиот ден. Новиот стабилизиран “blade“ дел има обележан дел за контрола со притискање (pinch), дизајниран за полесно пронаоѓање и прилагодување на поставките. Дополнително, новиот транспарентен тип на држач во облик на школка (clamshall) го прави складирањето и полнењето поинтуитивно и поудобно, истовремено истакнувајќи го “blade“ дизајнот за да овозможи стилско, високо-квалитетно слушање во движење.

Galaxy Buds4 Pro и Buds4 нудат различни дизајнерски архитектури за да ги задоволат различните потреби. Galaxy Buds4 Pro слушалките се одликуваат со дизајн во облик на канал за поудобно носење кој ги комбинира врвниот звук со максималната функционалност. Galaxy Buds 4 имаат дизајн со поотворен облик за удобно носење и овозможуваат удобно, корисничко-пријателско аудио искуство. Купувачите исто така можат да изберат помеѓу две понудени бои –  бела и црна боја со префинет мат финиш.

Супериорен Hi-Fi звук со иновативни хардверски надополнувања

Поголемите звучници нудат подобар квалитет на звук, а Buds 4 Pro воведува нов, поширок вуфер за ефикасно искористување на просторот. Со максимизирање на површината за вибрација и минимизирање на рабовите на звучникот, поширокиот вуфер ја зголемува ефективната површина на звучникот за речиси 20%. Во комбинација со “tweeter“, овие карактеристики овозможуваат природно аудио доживување со чист бас и богати високи тонови кои поддржуваат 24bit/96KHz аудио-записи, со што се овозможува висококвалитетен звук кој е верен на оригиналната снимка. Овие надградби овозможуваат прецизно репродуцирање на сѐ, од високите тонови на виолините до длабоките вибрации на контрабасот, детали кои беше предизвик да се репродуцираат кај претходните генерации. Исто така, надворешниот микрофон е стратешки поставен на горната страна со метална завршница за да ја максимизира функционалноста „Active Noise Cancelation“, истовремено минимизирајќи го фидбекот од ветерот и останатите надворешни фактори.

Максимизирано аудио искуство со напреден адаптивен EQ и ANC

Galaxy Buds4 серијата нуди софтверски надградби кои се изградени на моќните адаптивни звучни можности кои корисниците ги обожуваат во претходните генерации на Buds. Подобрената функција за активното поништување на бучавата (ANC) може да редуцира секаков звук, од интензивна бучава во сообраќај до секојдневни позадински звуци, обезбедувајќи квалитетно аудио искуство кое се прилагодува на променливите средини. На пример, за време на превоз со автобус, воз или авион, подобреното активно поништување на бучавата кај Buds4 ги намалува ниско-фреквентните звуци од моторот и бучавата од сообраќајот, додека одржува богат, балансиран звук, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на музика, подкасти, или телефонски разговори, без притоа нешто да им го одвлекува вниманието.

Подобрениот адаптивен “ANC/EQ” овозможува целосна медиумска имерзивност, минимизирајќи го “протекувањето на звукот”, анализирајќи ги условите на носење и уникатна форма на увото на секој корисник. Заедно со прилагодувањата на динамичката фреквенција, оваа функција применува оптимални “АNC” алгоритми во реално време за врвни перформанси за поништување на бучавата. Резултат на ова е уживањето на корисниците во звучното искуство кое е прилагодено на нивните индивидуални потреби.

Кога е време за повици, Super Clear Call функцијата користи супер широкопојасна технологија која овозможува висок квалитет и двојно зголемување на пропусниот опсег на конвенционалните Bluetooth повици. Без разлика дали корисниците гледаат спортски натпревар, вечераат во бучен ресторан или поминуваат време со своите деца на игралиште, нивниот глас се пренесува јасно и чисто, овозможувајќи звук на разговор како во живо, лице в лице.

Збогатено искуство со Galaxy екосистемот

За Galaxy корисниците, серијата Buds4 воведува интеграции кои го збогатуваат искуството со Galaxy екосистемот. Корисниците лесно можат да вклучат “AI” агенти, вклучувајќи ги “Bixby“, “Google Gemini“ и “Perplexity“, преку гласовни команди и без управување со раце, што овозможува да останат поврзани со околината додека имаат целосна контрола на своето аудио доживување. Со ваквото прилагодување, Buds4 Pro им овозможува на корисниците пристап до “АI” функциите без потреба од вадење на телефонот, правејќи ја интеграцијата на вештачката интелигенција во нивните секојдневни рутини поедноставна.

Корисниците на Galaxy екосистемот можат да уживаат во едноставно поставување на Buds. Само со отворање на кутијата, без потреба од инсталирање на Galaxy Wearable апликацијата, Galaxy корисниците лесно можат да ги поврзат своите Buds со својот телефон или таблет. Преку кратенката за пристап до менито или “Quick Panel“, корисниците можат да го контролираат и прилагодуваат звукот или EQ опциите за оптимално аудио искуство.

Buds4 Pro дополнително вклучува гестикулации со главата, односно “Head Gesture“ –  контрола за управување со повици и интеракција со “Bixby“, овозможувајќи извршување на различни функции целосно, без користење на рацете. Заедно со гласовните команди, овие контроли без употреба на рацете им овозможуваат на корисниците да навигираат низ денот без одвлекување на вниманието, обезбедувајќи беспрекорен тек на секојдневните активности.

Достапност

Galaxy Buds4 серијата, официјално претставена заедно со новата Galaxy S26 серија на Galaxy Unpacked настанот, е достапна во две бои – бела и црна. Во Северна Македонија, Galaxy Buds4 слушалките ќе бидат достапни за нарачка започнувајќи од денес, 25 февруари, до 4 март, 2026 година, додека сите заинтересирани ќе можат да ги нарачаат Galaxy Buds4 Pro во период од 6 март до 10 март, 2026 година. Дополнително, продажбата на Galaxy Buds4 серијата кај продажните партнери на „Samsung“ ќе започне од 11 март. За повеќе https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds4-pro-white-sm-r640nzwaeuc/.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Спецификации на Galaxy Buds4 серијата

                                   Galaxy Buds4 Galaxy Buds4 Pro
Боја Бела, Црна

*Достапните бои може да варираат во зависност од пазарот, доставувачот или продажниот партнер.

Димензии Слушалка: 18,3 x 19;3 x 30,5 mm

Кутија за полнење: 51 x 51 x 28,3 mm

Слушалка: 18,1 x 19,6 x 30,9 mm

Кутија за полнење: 51 x 51 x 28,3 mm

Тежина Слушалка: 4,6g

Кутија за полнење: 45,1g

Слушалка: 5,1g

Кутија за полнење: 44,3g

*со M големина на навлака

Звучник Φ11 3.8t (еднонасочен)​ 11 3.5t (WF) / 5.5×3.5×0.9T (TW)​
Микрофон Дигитален (x3) HSNR Дигитален (x2) ​

Дигитален (x1)

Квалитет на звук UHQ*

24bit Hi-Fi**

360 аудио со директен мулти-канал***

* Ултра-високиот квалитет на аудио до 24bit/96kHz е достапен на Galaxy S26 серијата, S25 серијата, S24 серијата, S23 серијата, Z TriFold, Z Fold7, Z Flip7, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Flip5 и Tab S9 серијата со One UI 6.1.1 или понов. Дополнителни уреди може да бидат поддржани во иднина.

** За 24-bit Hi-Fi звук потребен е Samsung Galaxy уред со OneUI 4.0 или понов и Galaxy Buds4. Поддршката на 24-bit Hi-Fi звук може да варира во зависност од апликацијата.

*** Директен мулти-канал е поддржан од Android One UI 4.1.1 или понова верзија, 360 аудио поддржува One UI 3.1 или понова верзија.

UHQ*

24bit Hi-Fi**

360 аудио со директен мулти-канал***

* Ултра-високиот квалитет на аудио до 24bit/96kHz е достапен на Galaxy S26 серијата, S25 серијата, S24 серијата, S23 серијата, Z TriFold, Z Fold7, Z Flip7, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Flip5 и Tab S9 серијата со One UI 6.1.1 или понов. Дополнителни уреди може да бидат поддржани во иднина.

** За 24-bit Hi-Fi звук потребен е Samsung Galaxy уред со OneUI 4.0 или понов и Galaxy Buds4 Pro. Поддршката на 24-bit Hi-Fi Fi звук може да варира во зависност од апликацијата.

 

*** Директен мулти-канал е поддржан од Android One UI 4.1.1 или понова верзија, 360 аудио поддржува One UI 3.1 или понова верзија.

Активно поништување на бучава и амбиентален звук Активно поништување на бучава (ANC)

Амбиентален звук

Адаптивен EQ

Адаптивен ANC

Активно поништување на бучава (ANC)

Амбиентален звук

Детекција на Глас/Сирена **

Адаптивен EQ

Адаптивен ANC

*Слушалките автоматски го препознаваат гласот на корисникот, зголемувајќи го амбиенталниот звук за да се засили јаснотијата на разговорот кога почнува и зголемувајќи ја ANC за да ја блокира позадинската бучава кога разговорот завршува.

** Оваа карактеристика го зголемува амбиенталниот звук за да се погрижи корисниците да си чујат суштинските звуци како аларми, возила од итните служби или полициски сирени.

Капацитет на батерија Слушалки: 45mAh (типично)

Кутија за полнење: 515mAh (типично)*

 

* Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови од трета страна. Типичниот капацитет е естимираниот просечен капацитет имајќи ја предвид девијацијата на батерискиот капацитет помеѓу примероците батерија тестирани за IEC 61960-3 стандардот. Оценетиот капацитет е 42mAh (слушалки), 500mAh (кутија за полнење). Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.

Слушалки: 61mAh (типично)

Кутија за полнење: 530mAh (типично)*

 

* Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови од трета страна. Типичниот капацитет е естимираниот просечен капацитет имајќи ја предвид девијацијата на батерискиот капацитет помеѓу примероците батерија тестирани за IEC 61960-3 стандардот. Оценетиот капацитет е 57mAh (слушалки), 515mAh (кутија за полнење). Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежната средина, корисничките навики и други фактори.

Време за музика До 5 часа / Вкупно до 24 часа (ANC вклучено)

До 6 часа / Вкупно до 30 часа (ANC исклучено)*

 

* Слушалките овозможуваат до 5 часа репродукција на музика со вклучена функција ANC (до 6 часа со исклучена функција ANC), додека кутијата за полнење овозможува до 24 часа батерија (до 30 часа со исклучена функција ANC) кога и кутијата и слушалките се наполнети на 100%. Базирано на интерни тестирања. Времето на репродукција на аудио е тестирано со спарување на претходна продукција на Galaxy Buds4 со неодамна излезен модел на Galaxy паметен уред со стандардни поставки, вклучувајќи и исклучена ANC функција. Реалниот век на батеријата може да варира и зависи од условите на користење, поставките, бројот на полнења, јачина на Bluetooth сигнал и други фактори. Стандардните поставки се однесуваат на оригиналните поставки за Galaxy Buds4 кога прв пат излегоа, едноставно вклучени.

До 6 часа / Вкупно до 26 часа (ANC вклучено)

 

До 7 часа / Вкупно до 30 часа (ANC исклучено)*

 

* Слушалките овозможуваат до 6 часа репродукција на музика со вклучена функција ANC (до 7 часа со исклучена функција ANC), додека кутијата за полнење овозможува до 26 часа батерија (до 30 часа со исклучена функција ANC) кога и кутијата и слушалките се наполнети на 100%. Базирано на интерни тестирања. Времето на репродукција на аудио е тестирано со спарување на претходна продукција на Galaxy Buds4 Pro со неодамна излезен модел на Galaxy паметен уред со стандардни поставки, вклучувајќи и вклучена ANC функција. Реалниот век на батеријата може да варира и зависи од условите на користење, поставките, бројот на полнења, јачина на Bluetooth сигнал и други фактори. Стандардните поставки се однесуваат на оригиналните поставки за Galaxy Buds4 Pro кога прв пат излегоа, едноставно вклучени.

Време на зборење До 3,5 часа / Вкупно до 18 часа (ANC вклучено)

До 4 часа / Вкупно до 20 часа (ANC исклучено)*

 

* Слушалките овозможуваат до 3,5 часа телефонски разговор со вклучена функција ANC (до 4 часа со исклучена ANC функција), додека кутијата овозможува до 18 часа траење на батеријата (до 20 часа со исклучена функција ANC) кога кутијата и слушалките се наполнети до 100%. На основа на интерни тестирања. Времето на телефонски разговор е тестирано со спарување на претходна продукција на Galaxy Buds4 со неодамна излезен модел на Galaxy паметен телефон со стандардни поставки, вклучувајќи и исклучена ANC функција. Реалниот век на батеријата може да варира и зависи од условите на користење, поставките, бројот на полнења, јачина на Bluetooth сигнал и други фактори.

 

До 4,5 часа / Вкупно до 20 часа (ANC вклучено)

До 5 часа / Вкупно до 22 часа (ANC исклучено)*

 

* Слушалките овозможуваат до 4,5 часа телефонски разговор со вклучена функција ANC (до 5 часа со исклучена ANC функција), додека кутијата овозможува до 20 часа траење на батеријата (до 22 часа со исклучена функција ANC) кога кутијата и слушалките се наполнети до 100%. На основа на интерни тестирања. Времето на телефонски разговор е тестирано со спарување на претходна продукција на Galaxy Buds4 Pro со неодамна излезен модел на Galaxy паметен телефон со стандардни поставки, вклучувајќи и вклучена ANC функција. Реалниот век на батеријата може да варира и зависи од условите на користење, поставките, бројот на полнења, јачина на Bluetooth сигнал и други фактори.

Поврзаност Bluetooth® 6.1, Auto Switch

Auracast

Bluetooth® 6.1, Auto Switch

Auracast

Сензор Voice Pickup Unit (VPU), Force & Touch (Swipe), IR, Accelerometer, Gyro, Hall sensor Voice Pickup Unit (VPU), Force & Touch (Swipe), SWIR, Accelerometer, Gyro, Hall sensor
Компатибилност Android 12 или понова верзија, со повеќе од 1.5GB меморија

 

* Некои карактеристики може да не бидат достапни на уреди кои не се Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.

Android 12 или понова верзија, со повеќе од 1.5GB меморија

 

* Некои карактеристики може да не бидат достапни на уреди кои не се Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.

Отпорност на вода IP54*

* само слушалки

IP57*

* само слушалки

 

CATEGORIES
Share This