(ВИДЕО) АВСТРАЛИСКА НОВИНАРКА ШОКИРАШЕ ВО ЖИВО – Пијана се појави пред камери со извештај од ЗОИ
Даника зборуваше за сè, од цената на кафето до игуаните, додека се тркалаше во снегот.

Познатата австралиска новинарка Даника Мејсон се најде во центарот на вниманието откако се појави пред камерите во пијана состојба. Нејзиното известување за Зимските олимписки игри во Милано и Кортина стана вирален хит.
Даника зборуваше во живо од Италија за австралискиот „Канал 9“ и шокираше многу гледачи. Во етерот се поигруваше со зборовите, зборуваше за цената на кафето и игуаните, а подоцна дури се тркалаше по снегот.
„Цената на кафето овде е добра. Мора да се навикнеме на цените на кафето во САД, не сум сигурна за игуаните… Каде води ова? Во основа, да преминеме на денешниот спорт, бидејќи има многу што се случува дома“, рече Даника.
Видеото предизвика лавина реакции, по што Даника призна дека била пијана и се извини за слученото. Таа откри дека консумирала алкохол пред да се појави пред камера.
„Сакам да ја преземам целосната одговорност, ова не е стандард што го поставувам. Добро сум, само ми е малку непријатно“. „Не требаше да пијам, особено во овие услови. Ладно е, сме на голема надморска височина, а тоа што не вечерав не помогна. Искрено ми е жал и им благодарам на сите за пораките што ги испратија.“ – нагласи Даника.
Australian Olympic reporter Danika Mason was completely hammered on air and then issued an apology the next day. pic.twitter.com/JE4dxWJFp1
— Vince Langman (@LangmanVince) February 19, 2026


