ГОДИНАШНОТО МОТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА – Апсолутна власт, апсолутна забава

Соул-божицата Марта Хај ќе ја изведе култната песна „I Feel Good“

ГОДИНАШНОТО МОТО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА – Апсолутна власт, апсолутна забава
Фото: Принтскрин

Американската соул легенда Марта Хај ќе настапи на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, кое ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

Марта Хај (81), често нарекувана соул-божица, е најпозната по својата 32-годишна соработка со легендарниот Џејмс Браун како негов прв придружен вокал. Таа настапувала и со икони како Литл Ричард, Џери Ли Луис, „Темптејшнс“, Арета Френклин, Б. Б. Кинг, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон и групата „Полис“, меѓу многу други.

„Со нетрпение чекам да настапам пред публиката во Македонија“, изјави Хај пред нејзиниот настап, на кој ќе ја добие награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе и култната песна „I Feel Good“ (Се чувствувам добро).

Годинешното издание на Златна Бубамара на популарноста ќе биде збогатено и со настапот на британската соул, фанк и диско група Delegation, која остави траен белег на музичката сцена во 70-тите и 80-тите години. И тие ќе бидат наградени за животно дело.

„Овие настапи ќе бидат вистински празник на музиката, емоциите и магијата на Delegation и Марта Хај. Годинешното мото на Златна Бубамара – ‘Апсолутна власт, апсолутна забава’ – ќе добие свое вистинско значење на сцената на 26 февруари“, велат од радио „Бубамара“.

CATEGORIES
Share This