ВКУПНИТЕ ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ ВО ЈАНУАРИ 2026 – Растат на годишно ниво
Кај домаќинствата се забележува дека депозитите се благо намалени, кредити значително зголемени.

Вкупните депозити во јануари на годишно ниво се зголемени за 10,5%, најмногу поради растот на депозитите кај домаќинствата. Вкупните кредити бележат раст од 13,6% на годишно ниво, под влијание на кредитирањето во двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор.
На месечно ниво, паричната маса е намалена за 1,4%, пред се поради пад на краткорочните депозити, депозитните пари, готовината во оптек и долгорочните депозити до две години. На годишно ниво, паричната маса бележи раст од 10,7%, поради зголемување на депозитните пари, краткорочните депозити и готовината во оптек.
Што се однесува по скетори бна месечно ниво кај корпоративниот сектор има месечно намалување на депозитите од 2,1% (намалени краткорочни депозити) и годишно зголемување од 9,8% (раст на депозитните пари и краткорочните депозити, пад на долгорочните во странска валута). Кај кредитите има месечно зголемување од 0,4% (повисоки кредити во денари) и годишно зголемување од 16,2% (раст на кредити во денари, пад на странска валута).
Кај домаќинствата има месечно намалување на депозити од 0,4% (намалување на депозитните пари) и годишно зголемување од 11,3% (повисоки депозитни пари, долгорочни денарски и краткорочни странски депозити). Кај кредитите има месечно и годишно зголемување од 0,5% и 11,2%, најмногу во денари.
Кај кредитите по намена за физички лица – потрошувачки кредити месечно има пад од 0,2% и годишно раст од 10,7%, станбени кредити месечно зголемување од 0,7% и годишно 16,1%, автомобилски кредити месечно и годишно зголемување од 0,1% и 0,7%, кредити на кредитни картички месечно и годишно намалување од 0,9% и 5,2%, негативни салда на тековни сметки месечно и годишно зголемување од 15,0% и 0,8% и кредити одобрени врз други основи намалување месечно за 1,7% и годишно за 11,8%.


