БЕСПЛАТЕН Wi-Fi ВО 64 ОПШТИНИ – На плоштади, паркови, библиотеки и училишта во Македонија
Дигиталната трансформација ќе стигне до секоја општина преку конкретни и практични решенија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Кочани нагласи дека дигиталната трансформација треба да биде рамномерна и да стигне до секоја општина и граѓанин преку конкретни, практични проекти кои директно го подобруваат секојдневието.
На промотивниот настан за иницијативата WiFi4WB – WiFi за Западен Балкан, кој се одржа во Театар „Бели Мугри“, министерот истакна дека целта е да се обезбеди подобра дигитална поврзаност токму таму каде што граѓаните секојдневно се движат, учат, работат и се дружат – во јавни простори како плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции.
„Кога бев тука претходно, зборувавме за потребата Кочани да добие бесплатни интернет-зони и јасно кажавме дека овој регион ќе биде меѓу нашите приоритети. Денес, со поддршка од нашите пријатели, тоа го претвораме во дела. Она што го ветивме како и многу пати досега го испорачуваме. Со иницијативата WiFi4WB обезбедуваме бесплатен јавен Wi-Fi во 64 општини низ државата. Ова значи бесплатен интернет пристап во јавни простори , плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции и токму таму каде што граѓаните најмногу имаат потреба од поврзаност.
„Ова не е само удобност. Ова е алатка за еднакви можности: за полесен пристап до дигитални услуги и информации, за поддршка на учењето и образованието, за помош на локалните бизниси и подобро искуство за посетителите, а најважно и за намалување на дигиталниот јаз и поголема социјална вклученост“, рече министерот Андоновски.


