ПРОСЕЧНА МЕСЕЧНА НЕТО ПЛАТА – Во декември 2025 достигна 46.889 денари
Зголемувањето на платите ја одразува економската активност во клучните сектори

Фото: Национал
Просечната месечна нето-плата во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари, што е зголемување од 7,6% во споредба со декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Најголем пораст на нето-платата е забележан во следните сектори: транспорт и складирање – 13,4%, земјоделство, шумарство и рибарство – 10,9%, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и образование – 9,7%.
Во однос на претходниот месец, најголемо месечно зголемување имале секторите: Транспорт и складирање – 12,8%, Рударство и вадење на камен – 9,0% и градежништво – 7,0%
Просечната месечна бруто-плата во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.
CATEGORIES Бизнис


