35 ГОДИНИ КАНАЛ 103 – Вечер на авангарден звук и етно-импровизации

Дарк амбиент, дронови и суптилни примеси на блек метал

35 ГОДИНИ КАНАЛ 103 – Вечер на авангарден звук и етно-импровизации
Фото: Принтскрин

Оваа година, „Канал 103“ го слави својот 35-годишен јубилеј со низа настани кои ќе ја оживеат музичката сцена, како во радиото така и надвор од него. Првата станица на оваа прослава ќе биде на 21 февруари во „Котур“, со специјален настан под наслов „Стотројка: Нова пролет“, кој започнува во 20 часот.

На сцената ќе настапат три уникатни музички проекти, секој со свој посебен израз. Солото на Бнелети, проектот на американскиот музичар и етномузиколог Бен Вилер, ќе понуди авангарден спој на традиционалната грузиска полифонија и азерската гитарска традиција, вплетени во електрична гитара, саз и модуларен синтисајзер. Дарк амбиентот, дроновите, експерименталната електроника и суптилните примеси на блек метал ќе ја водат публиката низ необични и заворажувачки звучни пејзажи.

CATEGORIES
Share This