БОКСЕРСКИ СПЕКТАКЛ – Две светски икони на боксерскиот ринг

Егзибицискиот меч меѓу Тајсон и Мејведер ќе се одржи во Конго на 25 април

БОКСЕРСКИ СПЕКТАКЛ – Две светски икони на боксерскиот ринг
Фото: Принтскрин

Мајк Тајсон и Флојд Мејведер Јуниор ќе се борат на 25 април во Конго, објави реномираниот американски инсaјдер Мајк Копингер од списанието „Ринг“, повикувајќи се на свои извори.

59-годишниот Тајсон, член на Меѓународната боксерска куќа на славните, е поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија со професионален скор од 50 победи, 7 порази и 2 нерешени борби.

48-годишниот Мејведер, пак, ја заврши кариерата како непоразен светски шампион во пет различни тежински категории, со совршен скор од 50 победи, од кои 27 преку нокаут.

Судирот меѓу двете боксерски легенди се очекува да привлече огромно внимание и интерес кај љубителите на боксот ширум светот.

CATEGORIES
Share This