ХОЛАНДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЕВРОПА – Европа размислува за автономија над F-35
Холандски министер во заминување ја споредува контролата на F-35 со iPhone.

Министерот за одбрана во заминување на Холандија, Гијс Туинман, предизвика реакции во Европа со изјавата дека F-35 може да се „џејлбрејкне, исто како iPhone“. Тој ја кажа изјавата во контекст на зависноста на европските земји од американската софтверска инфраструктура на авионите.
Холандија активно учествуваше во развојот на F-35 и нарачала 57 авиони, со што е еден од главните европски партнери. Дебатата за таканаречениот „kill switch“ можност САД да ја ограничат функционалноста на авионот се засилува, особено по суспензијата на американската поддршка за F-16 во Украина.
Иако нема докази за далечински „прекинувач“, зависноста од софтвер е реална. Изјавата на Туинман е политичка порака: Европа размислува за автономија и сопствен дигитален суверенитет во одбраната.


