ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД – На планините снег и засилен ветер

е дува умерен до засилен ветер, со промена на правецот од јужен кон северен

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД – На планините снег и засилен ветер
Фото: Национал

Времето денеска (20.02.) ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег и температтура во интервал од 0 до 12 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите наместа повремено ќе бидат пообилни (20л/м2). Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претпладне од јужен, а кон крајот на денот од северен правец.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а попладне од северен правец.

CATEGORIES
Share This