КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ НА АВИОНСКИ БИЛЕТИ – Најдобро време за купување билети

Следење на промоции и избегнување на „last minute“ замките

КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ НА АВИОНСКИ БИЛЕТИ –  Најдобро време за купување билети
Фото: Принтскрин

Ако сакате да патувате по пониска цена, вистинското време за купување на билетите може да направи голема разлика. Патувачките експерти и авиокомпаниите се согласуваат дека планирањето однапред и следењето на сезонските трендови значително ги намалуваат трошоците.

Најдобро време за купување билети кај домашните летови е да се купат околу 6 до 8 недели пред летот, кај меѓународните летови препорачливо е да се купат 2 до 6 месеци однапред, додека кај сезонски дестинации, летните и празничните патувања често се поевтини ако се купат до 6 месеци однапред.

Во однос на денот и времето на летот, билетите купени среда или вторник често се поевтини, летовите за викенд обично се поскапи а доколку сте флексибилни со датумите и времето на летот, шансите за добра понуда се поголеми.

Дополнителни совети се да се следат промоциите директно од авиокомпаниите или преку специјализирани веб-страници. „Last minute“ понудите не се секогаш најевтини, особено за популарни дестинации и празници. Планирањето однапред е клуч за поевтино и поудобно патување.

CATEGORIES
Share This