БЕЗБЕДЕН ГРАД – Намалување на регистрираните прекршоци за 10%

Апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта

БЕЗБЕДЕН ГРАД – Намалување на регистрираните прекршоци за 10%
Фото: Национал

Во периодот од 9 до 15 февруари 2026 година, системот „Безбеден град“ регистрира вкупно 4.490 прекршоци на подрачјата каде се поставени камери. Ова претставува намалување од 10% во споредба со првата недела од февруари, кога беа регистрирани 4.991 прекршок.

Од вкупниот број прекршоци, најголемиот дел се однесуваат на прекумерна брзина – 4.297 случаи. Потоа следуваат минување на затворен сигнал (црвено светло) 33 случаи и управување со возило со истечена важност на сообраќајната дозвола 160 случаи.

Исто така, се изречени 148 мерки за забрана за управување со возило, што е намалување од 48,6% во споредба со минатата недела. Од нив 33 се за минување на црвено светло, 115 се за брзо возење, од кои 99 за брзина поголема од 80 км/ч во населено место, 12 за брзина поголема од 10 км/ч над ограничувањето на возилото и 4 за брзина поголема од 170 км/ч во ненаселено место

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите за да придонесеме кон посигурни и побезбедни патишта.

CATEGORIES
Share This